logo
logo
logo

Летен преоден рок: Галата го посакува Зомер, Скамака би можел да потпише со Милан, Астон Вила се распрашува за Феран Торес!

Vecer | 02.07.2025

Летен преоден рок: Галата го посакува Зомер, Скамака би можел да потпише со Милан, Астон Вила се распрашува за Феран Торес!

Во екот на летниот преоден рок, јасно е дека ќе има и трансфери, но ќе има и шпекулации. Одамна се знае дека големите клубови понекогаш намерно пуштаат шпекулации со цел да се види како ќе реагираат навивачите за некој нивни евентуален потег или трансфер.

Па така вечерва нова “бомба“ од Истанбул, а таа е дека Галатасарај го посакува голманот на Интер, Јан Зомер кој важи за еден од најдобрите чувари на мрежата во светот. Колку е ова реално, навистина не е јасно.

Од Италија доаѓа информацијата дека Милан би можел да се засили со репрезентативниот напаѓач на Италија, Џанлука Скамака и тоа за 20 до 25 милиони евра што за клубот од Милано секако дека е прифатливо.

Астон Вила се распрашува за Феран Торес, за напаѓачот на Барселона и селекција на Шпанија. Ова е само желба, ако се знае дека самиот играч во неколку наврати истакнал дека е среќен во Барселона.

ФОТО: ФЦ Интер/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk