logo
logo
logo

Летечки почеток на Мурињо во Бенфика!

Vecer | 21.09.2025

Летечки почеток на Мурињо во Бенфика!

Фото: Бенфика Х

Жозе Мурињо ја предводеше Бенфика до победа од 3-0 против тимот на АБЦ во својот прв натпревар во португалската лига. Благодарение на успехот, Специјалниот и неговите момци го добија својот 4-ти натпревар од почетокот на сезоната во првенството на Пиринејскиот Полуостров и се приближија за пет бода до лидерот Порто. Бенфика има еден меч помалку. Големата надеж на навивачите и раководството е дека Мурињо ќе му помогне на тимот да се искачи на врвот, што им избега во последните две сезони.

Сега Мурињо ќе може да ја подобри играта на тимот, бидејќи има два натпревари во првенството против Рио Аве (23.9) и Жил Висенте (26.9), што ќе му овозможи да ги подготви своите играчи за претстојната битка против Челзи (30.9) во Лигата на шампионите на Стемфорд Бриџ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk