logo
logo
logo

Легендата на Ливерпул со став: Ако Слот не направи нешто, нема да го спаси ланската титула

Vecer | 26.11.2025

Легендата на Ливерпул со став: Ако Слот не направи нешто, нема да го спаси ланската титула

Легендата на Ливерпул, Дитмар Хаман смета дека успесите од минатата сезона го спасуваат Арне Слот, но само засега.

„Доколку тимот беше во оваа форма минатата сезона кога Слот пристигна во Ливерпул, тој повеќе немаше да биде таму. Сигурен сум во тоа. Сè уште има одреден кредибилитет таму, и со право, бидејќи Арне го освои шампионатот. Но, тоа е минато. Минатата сезона, Слот направи неколку неверојатни работи, тимот играше импресивно и ја држеше Премиер лигата настрана – и никој не го очекуваше тоа. Но, сега треба да гледаме напред – и сакаме да видиме напредок. Ако напредокот не е видлив, тогаш не мислам дека минатата сезона ќе го спаси Слота“, рече поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk