logo
logo
logo

Легендарниот Англичанец: Вини само го допре, а Столе падна како да го удрил Тајсон!

Vecer | 10.01.2025

Легендарниот Англичанец: Вини само го допре, а Столе падна како да го  удрил Тајсон!

Стив МекМанаман во свое време беше еден од најдобрите фудбалери во светот. Легендраниот Агнгличанец играше и за репрезентацијата на своја земја, а како некогашен член на Реал Мадрид секако дека ги „брани“ интересите на “кралевите“.

Па така МекМанаман го коментираше инцидентот на вчерашниот меч меѓу Пабло Мафео и Винисиус Жуниор од полуфиналето во Суперкупот на Шпанија а се осврна и на инцидентот од Ла Лига меѓу Бразилецот и Столе Димитриевски по што Вини беше суспендиран на два меча откако го удри македонскиот голман:

Што прави тој? Ова е одвратно од Мафео. Срамно е ова што го прави, одвратно! На последниот меч во Ла Лига Винисиус само го допре голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, а овој падна како да го удрил Мајк Тајсон. Тоа е патетично“ искоментира МекМанаман.

Навистина што ли гледа славниот Англичанец? Едно е да ги браниш Вини и Реал Мадрид, а друго е да ја искривуваш вистината.

Треба и тој да знае дека Вини е проблемот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk