logo
logo
logo

Леао го однесе Милан на врвот

Vecer | 29.11.2025

Леао го однесе Милан на врвот

Фото: Милан Х

Милан е новиот лидер во Серија А откако го доби дербито од 13-то коло против Лацио со 1:0, со гол на Рафаел Леао. Беше вистинско изненадување што бевме сведоци на исклучително скромна фудбалска изведба во првите 45 минути.

Сосема нетипично за тимот на Масимилијано Алегри оваа сезона, „росонерите“ не упатија ниту еден удар кон голот против Лацио, додека „небесно сините“ беа далеку поконкретни.

Како што обично се случува во фудбалот, Милан поведе на почетокот од второто полувреме откако Рафаел Леао постигна гол на крајот од 51-та минута и им донесе водство на „росонерите“.

Милан е на врвот на табелата и со бод повеќе од Рома, а каква позиција ќе имаат на крајот од колото ќе зависи од „дербито во кое „волчицата“ ќе го пречека Наполи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk