logo
logo
logo

ЛЕ: Митјиланд победи по двата кикса на голманот на Штурм, без победник на мечот во Солун!

Vecer | 24.09.2025

ЛЕ: Митјиланд победи по двата кикса на голманот на Штурм, без победник на мечот во Солун!

ФОТО: FC Midtjylland/FB

Вечерва на програмата се првите мечеви од Лигашката фаза во Лигата на Европа. Данскиот Митјиланд пред своите фанови во Хернинг успеа со 2:0 да слави против шампионот на Австрија, Штурм.

Интересно, голманот на гостите Кристенсен спаси во неколку наврати сигурни голови, но нема да се памети тоа туку неговите два кикса со кои домашните победија со 2:0.

Прво во 7.минута си даде класичен автогол, а во 89.минута Диао шутираше со глава, Кристенсен ја имаше таа топка, но сепак заврши во неговата мрежа.

На вториот меч кој се одигра во Солун меѓу Паок и Макаби Тел – Авив немаше голови па така и двете екипи си поделија по бод на овој меч од 1.коло во лигашката фаза во Лигата на Европа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk