Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург уште по првите мечеви од четвртфиналето на лигата на европа зачекорија кон полуфиналето. Астон Вила се враќа со голема победа од Болоња, каде славеше против италијанскиот тим со 1:3, додека Фрајбург на домашен терен ја „збриша“ Селта победувајќи со 3:0.
Очигледно единствено неизвесно по седум дена ќе биде во Англија на теренот на Нотингем Форест, кој успеа да остане непоразен на гостувањето кај Порто играјќи 1:1.
Во четвртфиналето на Конференциската лига, Кристал Палас, Мајнц и Шахтјор дојдоа до големи победи пред своите навивачи што има даваат реални надежи дека полуфиналето е многу близу. Англичаните на домашен терен со 3:0 славеа против Фиорентина, со истиот резултат Шахтјор славеше против АЗ Алкмар, додека Мајнц го порази Стразбур со 2:0.