logo
logo
logo

ЛЕ: Динамо (З) се избори за продолженија, Болоња, Селта и Нотингем во осминафинале

Vecer | 26.02.2026

ЛЕ: Динамо (З) се избори за продолженија, Болоња, Селта и Нотингем во осминафинале

Динамо (З) успеа да ја надомести негативата од 1:3 против Генк, откако вечерва во реваншот на гости успеа да слави со истиот резултат во регуларните 90 минути и со тоа се избори за продолженија. Белгискиот тим победи со два гола разлика во првиот натпревар одигран во Загреб, а хрватскиот вицешампион го направи истото вечерва во Белгија, па останува да видиме дали по 120 минути ќе има победник, или ќе решаваат пеналите.

На останатите реванш дуели од плеј-оф колото, пирова победа за Фенербахче на гостувањето кај Нотингем Форест од 2:1, откако во првиот меч загуби со 3:0, додека селта и вторпат го порази ПАОК, денеска со 1:0.

Пласман во осминафиналето избори и Болоња која славеше со 1:0 на средбата со Бран.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk