logo
logo
logo

Лацио минимално против Емполи

Vecer | 04.05.2025

Лацио минимално против Емполи

Екипата на Лацио според планираното денеска на отворањето на Серија А програмата успеа да слави на гостувањето кај „давеникот“ во шампионатот, тимот на Емполи.

Со еден еденситвен постигнат гол и тоа во првата минута од мечот, преку Боулаје Диа.

Потоа на овој меч мрежите повеќе не се затресоа но затоа имаше две исклучувања. Коломбо кај домашните уште во првиот дел, и Хисај на петнзесет минути до крајот на мечот кај Лацио.

Гостите со овој триумф  стигнаа до 63. бод сезонава и четврта позиција, додека Емполи има 25 бода, и сеуште нерешен проблем со испаѓање во ранг подолу.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk