logo
logo
logo

Лапорта: Второто место ќе биде дополнителна мотивација за Јамал

Vecer | 23.09.2025

Лапорта: Второто место ќе биде дополнителна мотивација за Јамал

Фото: Барселона Х

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го коментираше фактот дека Ламине Јамал не ја освои Златната топка.

18-годишниот крилен напаѓач на „Каталонците“ го освои второто место во гласањето. Наградата за најдобар фудбалер за изминатата сезона ја освои Усман Дембеле од Пари Сен Жермен.

„Ова второ место ќе му даде мотивација на Ламине за наредните години. Сигурен сум дека тој ќе ја освои Златната топка“, рече претседателот на Барселона.

„Ја сакавме оваа награда, но бидејќи не ја освоивме, си заминуваме со гордост што бевме номинирани заедно со најдобрите“, додаде Лапорта.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk