logo
logo
logo

Лапорта откри кога Барселона ќе се врати со прв домашен меч на „Камп Ноу“

Vecer | 18.06.2025

Лапорта откри кога Барселона ќе се врати со прв домашен меч на „Камп Ноу“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Барселона скоро сигурно оваа есен се враќа на својот стадион, Камп Ноу. Ла Лига им дозволи на Каталонците првите три меча од новото првенство да ги играат како гости, се додека и официјално не се завршат главните зафати на Камп Ноу.

„Сакаме да одиме на стадион од 21 век. Не е реконструкција, туку нов стадион. Сакаме играчите да бидат таму што е можно поскоро. Не сакавме да ја изгубиме куповната моќ, а Камп Ноу ќе биде клучот за генерирање приходи. Ние сме во позитивна фаза, не само стабилна. Ова е наследството што ќе им го оставиме на нашите деца и внуци. Планираме да се вратиме таму на есен. Од септември, имаме намера да ги одиграме првите домашни мечеви во Ла Лига со минимални посети. Првиот тест ќе се одржи во август на Гампер Купот. Капацитетот сè уште не е познат, но сакаме да играме таму на 10 август како дел од купот“, рече претседателот на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk