logo
logo
logo

Кузмановски пред дуелите со Естонија и Литванија: Цел ни се две убедливи победи

Vecer | 05.05.2025

Кузмановски пред дуелите со Естонија и Литванија: Цел ни се две убедливи победи

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави дека нашите репрезентативци се ќе направат да победат на последните два квалификациски меча во циклусот за ЕП 2026.

За Македонија прво следи гостување во Талин кај Естонија, па домашен меч со Литванија, селекции за кои средниот бек има почит, но тврди дека се цели на победи.

„Не треба никого да го потцениме, мора да имаме почит за секој ривал. Знаеме како игравме на претходните две средби со Литванија на гости и со Естонија на домашен терен. Сите играчи сме во форма, имаме доста повредени игррачи кои ќе ни фалат, но сите кои што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ќе се спремиме максимално и сите треба да играме и да очекуваме на две убедливи победи со Естонија и Литванија.

На првиот меч со Естонците имаше многу голови. Пристапот ни беше малку лош, но се подобривме. Мора сите сериозно да ги сфатиме ривалите. Поквалитетни сме, очекуваме поддршка и се надевам ќе се радуваме заедно на ново Европско првенство.

Се наоѓаме во финишот на сезоната кој е најважен дел, сите играчи се во форма. Но, тоа ни го носи секоја година. Тука сме моментално најдобрите и селекторот го знае изборот. Ќе одиграме најдобро, целта ни е пласман на Европското првенство. “, изјави Кузмановски.

Натпреварот меѓу Естонија и Македонија се игра на 8 мај, додека дуелот Македонија – Литванија е закажан на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk