logo
logo
logo

Куртоа си кажа, сега на потег е Дон Флорентино: Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!

Vecer | 22.06.2025

Куртоа си кажа, сега на потег е Дон Флорентино: Сакам кариерата да ја завршам во Реал Мадрид!

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа (33), јавно си кажа дека посакува да го продолжи договорот со “кралевите“ кој му истекува следното лето.

Еден од најдобрите голмани во светот на фудбалот, ако не и најдобар во изминатата деценија, има договор со Реал до 30 јуни 2026.

Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал. Мој сон е да играм за овој клуб. На располагање сум на Реал, тие знаат дека сакам да останам тука. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Реал. Сега е време да се докажам на теренот, а останатото ќе биде лесно“, изјави Куртоа за „Диарио“.

Јасно е дека сега на потег е Дон Флорентино Перез. Првиот човек на “кралевите“ одлулчува дали ќе го продолжи договорот Куртоа, или пак ќе се остварат најавите дека Реал ќе го донесе на “Бернабеу“ чуварот на мрежата на ПСЖ, Италијанецот Џиџи Донарума.

Репрезентативниот голман на Белгија во Реал дојде во 2018 година, претходбно бранеше во Гент, Атлетико Мадрид и Челзи.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk