logo
logo
logo

Кристал Палас го „шокираше“ Ливерпул, Брајтон триумфално кај Челзи

Vecer | 27.09.2025

Кристал Палас го „шокираше“ Ливерпул, Брајтон триумфално кај Челзи

Шокирачки пораз на лидерот на Премиер лигата тимот на Ливерпул. Предмалку на гостувањето кај Кристал Палас, фаворитот загуби со 2:1, во дуел кој траеше и повеќе од сто минути.

Исмаила Сар ги доведе домашните во водство од 1:0 во деветтата минута од мечот, а резултатот не се промени се до 87. минута. Киеза израмни на 1:1, и кога се мислеше дека Ливерпул извлече барем бод од овој меч, следуваше нова домашна ерупција. Еди Нкетиа погоди во седмата минута од продолжението, со што му донесе на домаќинот злато вредна победа.

Од друга страна пак, тимот на Брајтон на огромно задоволство на неговите навивачи попладнево во рамките од новото коло од Премиер лигата славеше на гостувањето кај тимот на Челзи.

Иако домашните преку Фернандез дојдоа до предност во првиот дел, следуваше комплетен пресврт во продолжението. Шалоба доби исклулување, што го остави домаќинот со десет во пола, па потоа следуваше негов крах. Велбек изедначи, за да во втората минута од продолжението, Де Кујпер донесе 1:2. Шокот за домашните го „бетонираше“ повторно Велбек во десеттата минута од продолжението.

Екипата на Манчестер Сити со 5:1 го совлада Барнли, додека пак Лидс и Борнмут одиграа 2:2.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk