logo
logo
logo

Конечно: Роналдо освои титула со Ал Наср (ВИДЕО)

Vecer | 21.05.2026

Конечно: Роналдо освои титула со Ал Наср (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср ја освоија шампионската титула во Саудиската професионална лига, а главна ѕвезда на вечерта беше, секако, Кристијано Роналдо.

Ал Наср го надигра Дамак во Ријад и со резултат од 4:1 ја обезбеди титулата во последното коло со два бода повеќе од Ал Хилал. Во исто време, екипата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ победи против Ал Фаџа на гостински терен со 1:0, со голот на Мандаш во четвртата минута, но тоа не беше доволно.

Португалецот конечно ја освои титулата што ја чекаше уште од пристигнувањето во Саудиска Арабија, и затоа привлече најголемо внимание.

Ал Наср поведе на својот стадион со голот на Садио Мане во 34-тата минута, а Кингсли Коман го дуплираше водството во 52-та минута. Гостите намалија од пенал преку Сила во 58-та минута, а потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо. Прво, во 63-тата минута, постигна гол директно од слободен удар, а потоа, во 81-та минута, Роналдо повторно  се запиша на листата на стрелци и го постигна својот 973-ти гол во кариерата.

На овој начин, тој го потврди освојувањето на титулата, а набрзо по завршувањето на натпреварот, следеше голема прослава на стадионот „Универзитет Крал Сауд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk