logo
logo
logo

Конечно: И Фиорентина победи!

Vecer | 21.12.2025

Конечно: И Фиорентина победи!

ФОТО: ACF Fiorentina/FB

Откако ги урна сите негативни рекорди во својата историја, 15 меча во низа од стартот на сезоната без победа, конечно еве и Фиорентина победи. Вечерва на свој терен во рамките на 16.коло во Серија А, фудбалерите на Фиорентина со 5:1 славеа против Удинезе, со што барем малку ја подобрија атмосферата во својот клуб.

Со ова е ставен крај на црната серија на еден од најголемите клубови на „Чизмата“.

Сепак треба да се каже дека гостите уште од 8.минута останаа со играч помалку, Окоје доби црвен картон, па тоа на “Виола“ секако дека и тоа како добро им дојде.

Веќе на пауза се замина со 3:0 и тоа со головите на Мандрагора, Гудмундсон и Ндоур.

Во продолжение од средбата Кеан стрелаше за 4:0, додека Солет во 66.минута намали на 4:1.

Конечните 5:1 беа дело исто на Кеан во 68.минута. Тимот од Фиренца и натаму е последна со бодови, но само со -5 бода во однос на Парма која е на “безбедното“ 17.место во Серија А.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk