Тимот на Комо со голот на младиот хрват, Мартин Батурина кој погоди во последните секунди од мечот успеа на свој терен да одигра реми 1:1, во дуелот со Болоња.
Гостите имаа водство се до четвртата минута од продолжението кое го обезбеди Камбиаги во 49.минута, а истиот играч беше исклучен десетина минути подоцна.
Тоа домаќинот конечно го искористи во самата завршница и обезбеди барем бод од овој меч.
Од друга страна Удинезе имаше негатива во дуелот со Пиза преку Трамони кој погоди за 0:1 во 13. минута.
Следувапе комплетен пресврт до полувреме преку Кабаселе односно Дејвис, но Меистер во вториот дел изедначи на 2:2, што беше и конечен резултат на овој дуел.