logo
logo
logo

Комо му грабна бод на Милан, Алегри доби црвен картон

Vecer | 18.02.2026

Комо му грабна бод на Милан, Алегри доби црвен картон

фото: AC Milan (X)

Комо не дозволи радост за навивачите на Милан. Во мечот од 24. коло на Серија А, вечерва во Милано, „росонерите“ освоија само бод на дуелот со Комо во меч во кој гостите беа први кои дојдоа до водство (1:1)

По една катастрофална грешка на голманот Мењан, Комо преку Нико Паз успеа да дојде во водство во 32. минута од мечот. Гостите заминаа на пауза со предност, но Милан по многу подобрата игра во продолжение успеа да израмни со голот на Рафаел Леао во 64. минута.

До крајот домашните не успеаја и вторпат да ја сместат топката во гостинската мрежа, па останаа на -6 бода во однос на лидерот и лут градски ривал Интер на второто место на табелата. Вреди да се спомене црвениот кратон кој го доби домашниот тренер Алегри на десетина минути пред крајот на средбата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk