logo
logo
logo

Комо го “растури“ Торино, оваа победа се чекаше четири децении

Vecer | 24.11.2025

Комо го “растури“ Торино, оваа победа се чекаше четири децении

ФОТО: Como 1907/FB

Комо и натаму игра фантастично. Екипата на Цеск Фабрегас има само еден пораз по 12 одиграни натпревари, а вечерва, како гостин, Комо убедливо го победи Торино со резултат од 5:1.
Интересно Комо славеше на теренот на „граната“ за прв пат по 39 години и продолжува со историски резултати.
Разиграните гости поведоа во 36-тата минута кога Шпанецот Хесе Родригез се проби по левата страна и го искористи напаѓачот Џејден Адаи, кој постигна гол.
Домашните израмнија со голот од пенал на Никола Влашиќ, за 1:1 непосредно пред паузата. Но…
И потоа Комо ја покажа целата своја моќ во вторите 45 минути. Повторно Родригез и Адаи беа асистенти и стрелци и го вратија водството на гостите во 52-тата минута.
Иако гостите водеа, тие продолжија со потрагата по уште еден гол, а тој стигна во 72-та минута кога Максимо Пероне направи прекрасен центаршут, а Јакоб Рамон ја смести топката во мрежата со уште поубав удар со глава.
Прекрасната вечер на Комо не можеше да помине без гол од нивниот најдобар играч, Нико Паз. Во 78-та минута, Аргентинецот ја избегна одбраната на противникот и ја продолжи канонадата на гостите.
Хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина го постигна конечниот и убедлив резултат од 5:1 во корист на Кома четири минути пред крајот на натпреварот.
Комо сега е шести на табелата со 21 бод, додека Торино има 14 и моментално е на 12-та позиција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk