Фудбалерите на Комо остварија висока и убедлива победа на гостувањето кај Лече во денешниот меч од 16. коло во Серија А. На гостувањето на „Виа дел Маре“, Комо обезбеди триумф од 3:0 со кој остана во ТОП 6 на табелата со надеж дека во вториот дел од сезоната може да се обиде и за уште подобар пласман.
Нико Паз го итвори резултатот во 20-татат минута, по што во вториот дел кај гостите погодија и Рамон и дувикас за конечни 0:3.
Каљари успеа да оствари голема гостинска победа кај Торино од 1:2. Гостите од Сардинија до победа дојдоа со пресврт, откако Торино поведе во 27-та минута преку Влашиќ, но гостите до полувреме израмнија на 1:1 со голот на Прати (45′).
Моментопт на одлука беше 66-тата минута, кога Киликсој на асистенција на Деиола погоди за 1:2. За Каљари ова беше само четврта сезонска победа.