logo
logo
logo

Кој е сега идиот?!

Vecer | 26.12.2025

Кој е сега идиот?!

ФОТО: Newcastle United/FB

Во летниот преоден рок раководството на Баерн Минхен имаше намера да се засили со Флоријан Вирц (Леверкузен) и Ник Волтемаде (Штутгарт). Сепак и двајцата се преселија во Премиерлигата, во Ливерпул и Њукасл.

Карл-Хајц Румениге, еден од водечките луѓе на “бавараците“ јавно за германските медиуми истакна дека само идиот може да плати толку пари за Волтемаде. Крајната сума е некаде околу 90 милиони евра.

Му честитам на Штутгарт што најде идиот кој ќе плати толку пари за Волтемаде“ истакна иконата на Баерн.

Сега, во пресрет на празниците и кога се сумираат впечатоците од 2025 година, една од темите во Германија секако дека се и тие зборови на Румениге, посебно ако се знае во каква форма игра високиот Германец во дресот на Њукасл.

Па, така, со потсмев го прашуваат Румениге:

Па, добро, кој е сега идиот?“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk