По се она што се случува во ова сезона, јасно е дека ќе има промени во Реал Мадрид во претстојниот период. Сите се во очекување на потезите на Флорентино Перез. Пред се кој ќе биде тренер, а потоа и кој ќе си оди.
Се очекува ова лето да биде доста бурно на “Сантијаго Бернабеу“.
Инаку Бруно Фернандеш наводно му бил понуден на Реал Мадрид. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед дури се согласил да игра за пониска сума од онаа што моментално ја има во Манчестер.
Сепак, одбивањето од Мадрид стигнало многу брзо. Наводно, Флорентино Перез веднаш ги запрел сите гласини и рекол дека не е заинтересиран за таков тип играч. Нема сомнение дека ова е удар за Бруно, кој е сè повеќе незадоволен од Манчестер Јунајтед.
Минатото лето беше на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, но во последен момент одлучи да остане во Англија.
Сепак, фрустрациите се насобрале и сега бара сигурност и јасни планови за клубот. Привремениот тренер Мајкл Карик доби пофалби од Фернандес, но Португалецот сака да знае кој ќе го води тимот на долг рок.
Тој бара пакет што ќе обезбеди финансиска сигурност и можност за борба за трофеи, вклучително и Лигата на шампионите. Според медиумите, за да го задржат, Манчестер Јунајтед можеби ќе мора да понуди плата од 400.000 фунти неделно! Тоа би го направило најплатениот играч во историјата на клубот.