Каират – Клуб Бриж 1:4 во Алмати е исходот од првиот меч од 7.коло во Лигата на Шампионите. Јасно беше дека и пред средбата клубот од Белгија е фаворит, ама ретко кој можеше да претпостави дека гостите ќе дојдат до вака и повеќе од убедлив триумф.
Инаку стрелци на овој меч беа Станковиќ во 32.минута за 0:1. Водството го удвои Ханекен само шест минути подоцна. Во 74.минута Вермант зголеми на 0:3 а тие 0:4 ги постави Мехеле во 84.минута. Сепак тоа не беше се од овој меч, во судиското продолжение домашните со голот на Садубеков го ублажија поразот.
Ова е втора победа за Клуб Бриж и сега има седум бода, со што ги врати надежите за пласман во 1/16 финалето во ова натпреварување.