logo
logo
logo

Клоп со коментар за трансферот на Вирц: Фантастично, едвај чекам да го видам на теренот!

Vecer | 22.06.2025

Клоп со коментар за трансферот на Вирц: Фантастично, едвај чекам да го видам на теренот!

И покрај тоа што повеќе од една година не е веќе менаџер на Ливерпул, сепак неговото мислење и тоа како се почитува. Јирген Клоп со освојување на пехарот во ЛШ и во ПЛ секако дека ќе остане легенда за сите фанови на “Редси“.

Токму затоа беше интересно да се слушне неговиот коментар за трансферот на Флоријан Вирц на „Енфилд“, еден од најголемите во историјата на Премиерлигата:

Навистина ќе биде одлично, верувам во тоа, сигурен сум. Ова е фантастично, едвај чекам да го видам на теренот. Ливерпул е фантастичен тим кој минатата сезона беше исклучителен. И секогаш е тешко да бидеш подобар како шампион отколку што си бил. Но, Ливерпул го направи тоа. Доведе исклучителен играч“ рече покрај другото Клоп за својот сонародник.

ФОТО: ФЦ Ливерпул/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk