logo
logo
logo

Киву се „жали“: Бодо имаше само четири натпревари во последните три месеци

Vecer | 25.02.2026

Киву се „жали“: Бодо имаше само четири натпревари во последните три месеци

фото: Screenshot

Бодо/Глимт предизвика сензација со пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи го Интер, актуелниот европски вицешампион.  Тренерот на Интер, Кристијан Киву, по мечот се пожали дека Бодо одиграл само четири натпревари во последните три месеци и тоа е една од причините за нивната „свежина“ на теренот.

„Моите играчи немаат енергија бидејќи е тешко да ја одржат кога играат на секои три дена. Од друга страна, Бодо одигра само четири натпревари во последните три месеци“, истакнал Киву.

Тоа е делумно точно. Норвешката лига не се игра во декември поради екстремниот студ, па Бодо не одиграл лигашки натпревар од 30 ноември минатата година. Во последните два и пол месеци, тие одиграа само пет натпревари, сите во Лигата на шампионите и сите против големите тимови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk