Мундијалот во САД, Мекиско и Канада, го „гази“ второто коло на „големо“ што се вели, и мечевите се редат како на лента. Фудбалските фанатици се преокупирани со најголемиот турнир на планетава, и ужваат во секој момент. Некои селекции ја покажуваат силата, некои разочаруваат, а Спортспорт со стручна анализа ви пренесува зошто е тоа така.
Денеска е редот на Горазд Михаилов да ги прокоментира синоќешните мечеви од турнирот во кои доминираа секако победите на Холандија и Германија. Две тотално спротивни ситуации. „Лалињата“ доминираат, „Панцирите“ буквално во свој стил. Играле или не бодовите се тука….
„Холандија покажа сила дефинитивно. Уште од стартот на мечот наметна силно темпо, што резултираше со два гола во првите дваесетина минути. Со оглед на првиот меч, овојпат селекторот Куман се одлучи за класична деветка, и тоа даде резултат. Брајан Броби навистина се покажа како извонредна алтернатива, постигна два гола. По паузата за хидратација, Шведка се консолидираше, истата им помогна на повеќе репрезентации кои што на стартот на мечевите изгледа изгубено. Истата е шанса да се дадат сугестии од селекторите. Шведска имаше повеќе од играта се до крајот на првиот дел, но не успеа да постигне гол. И кога се очекуваше Шведска да продолжи во исто темпо, да фрли се на една карта во второто полувреме, повторно шок. Гол на Холандија во третата минута, идентична ситуација. Пробив по бочни позиции, нафрлување, втрчување во шеснаесетникот, и веќе беше 3:0. Со влегувањето на Еланга, и со промените, селекторот сакаше да освежи но не успеа во таа намера, затоа што Хпландија постигна многу бргу и четврти гол. Потоа беше се готово. Еланга донесе нешто свежина постигна и гол, но по паузата за хидратација, Холандија тотално ја умртви играта, не дозволи Шведска било што веќе да се обиде. Тотална контрола на ситуацијата, чекање на шанса за контра напад и на таков начин постигнување на петти гол. Декласирање на противник, и показна вежба дека на Холандија мора сериозно да се смета на овој турнир. Впрочем и на минатиот Холандија стигна до четвртфинале кога беше поразена од подоцна шампионот Аргентина. Холандија е фаворит од сенка според мене. – вели Михаилов околу силата на Холандија, па се осврнува на дуелот Германија – Брегот на Слоновата коска
Германија победува и кога не игра како што треба….
„Германија победи но не импресионираше со играта и прикажаното во овие деведесет минути против Брегот на Слоновата коска. Можеби најреален исход на овој меч беше ако дуелот завршеше нерешено, немаше да биде незаслужено доколку БСК дури и го добиеше овој натпревар.
Но, ете, по којзнае кој пат се повтори она старо непишано правило. А тоа е дека Германија игра до последно и не се откажува. Што се однесува до самиот меч, на стартот да Германија имаше посед но тоа беше се јалово, а од друга страна БСК се определи за брза транзиција по освоена топка, впрочем така падна и првиог гол.
БСК и во вториот дел играше доста дисциплинирано, одговорно, концентрирано во одбрана. Чекаа нова грешка на противникот, преку контра. Но Германија со измените, и влегувањето на можеби најдобриот стрелец во Бундес лигата, Денис Ундав играта се промени. Германија имаше повеќе шанси, притискаа цело време, но и БСК имаше ситуации да ги казни. Со постгинувањето на голот на Ундав по асистенцијата на втората резерва Амири, Германија како да добија крила. Почнаа силно да напаѓаат, но не им одеше да го зададат тој последен удар, да финишираат што се вели. Меѓутоа, кога сите очекуваа крај и поделба на бодовите, тука се појави Ундав и мошне умешно реализираше и донесе огромна победа за Германија. Што значеше пласман во елининациите. Сепак, играта која што Германија ја покажа не импресионира, и доколку продолжат вака, кога ќе се сретнат со некоја посилна селекција ќе имаат проблем. Сепак, и во ваква ситуација, во ваква игра се гледа големината на овие репрезентации. Се победува. Менталниот склоп на Германија одсекогаш бил во преден план и до последен момент се во игра. Често сме сведоци и дека тие репрезентации што се мачат во групната фаза, успеале во во елиминациите да го кренат тотално нивото и да стигна до самиот крај. Токму тоа се случи со Германија во 1990 година кога со генерацијата н Бреме, Фелер, Матеус, а предводени од Бекембауер да стигнат до финалето и титулата. – вели искусниот стратег.
Шансите на Еквадор не значат и победа, Курасао е симпатичен состав
Конечно, она што требаше да биде рутина, за Еквадор се претвори во кошмар.
„Еквадор не успеа да го добие клучниот меч на овој турнир. Одигра само 0:0 против аутајдерот Курасао, кој што пак откако против Германија постигна историски премиерен гол на Мундијалите, освојпат успеа да освои и бод. Попусто доминацијата во текот на сите деведесет минути на Еквадор, навистина имаа безброј удари, безброј шанси но, сепак, реализацијата недостасуваше. Најмногу по вина на голманот на Курасао. Кој што навистина беше како „октопод“ и одлично заврши задача. Херој е секако на многу симпатична репрезентација. Голем бод за нив, а уште поголемо разочарување за Еквадор. Кој што мораше да го добие овој меч. Еквадор едноставно сам се отпиша од понатамшна битка за пласман. – вели Михаилов па поентира со дуелот Јапонија – Тунис.
Доминација на Јапонија во секој поглед
„Што се однесува пак до мечот Јапонија – Тунис, тоа е класичен пример за доминација на една селекција. Јапонците уште еднаш покажаа дека се репрезентација за респект. Тоа тие го покажуваат во континуитет со години веќе. Играат, се борат, а тоа што поголемиот дел од нив и играат во Европа кажува само едно. Дека се многу квалитетни. Ме импресионираат со својата игра со својата дисциплина, доминираат во текот на сите деведесет минути и заслужено одат во елиминации. И во следниот меч ќе ја потврдат својата класа.
Тунис пак како неподготвен да е за вакво ниво. Дебакл во двата настапи до сега. Едноставно тоа е селекција која можеме слободно да ја ставиме во категорија најслабите на овој турнир. Со селекциите на Курасао и Капе верде. Но за разлика од Тунис, другите две покажуваат желба, мотив, сакаат да се докажат, за разлика од Тунис кој што не покажува ама апсолутно ништо.„ – вели Горазд Михаилов.