Уште еден фудбалер летово нема да може да патува на фудбалскиот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Холандскиот играч од средниот ред, Чави Симонс, објави дека ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на коленото.
23-годишниот играч на Тотенхем се повреди на натпреварот од Премиер лигата против Вулверхемптон (1:0).
„Велат дека животот може да биде суров. Мојата сезона заврши нагло, а јас само се обидувам да го протолкувам тоа. Искрено, скршено ми е срцето. Сè ја изгуби својата смисла“, напиша Симонс.