logo
logo
logo

Хојлунд ќе оди на позајмица во Наполи

Vecer | 30.08.2025

Хојлунд ќе оди на позајмица во Наполи

Иако при неговиот трансфер од Аталанта во Манчестер, тимот на Јунајтед плати цели 83 милиони евра, сепак, Расмус Хојлунд за многу кратко време ги потроши сите кредити на Олд Трафорд.

Данецот е вишок во моментов, па ќе биде испратен верувале или не на позајмица. И тоа во Наполи, каде што секој момент се чека да биде промовиран како нов играч и напиот Елиф Елмас.

Хојлунд ни оддалеку не ги исполни очекувањата кои ги имаа за него во Јунајтед, па како и Антони и ред други на мала врата го напушта Олд Трафорд. А дали некогаш повторно ќе се врати…. којзнае.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk