Фудбалерите на Рома запишаа нова победа во Серија А, откако вечерва на домашен терен со високи 3:0 славеа над екипата на Пиза. Момците на Гасперини со два погодока уште во првото полувреме дојдоа до предност од 2:0, а во вториот дел успеаја да погодат и третпат со што ја запечатија победата.
Мален имаше фантастична вечер постигнувајќи хет-трик. Првите два гола на Холанѓанецот дојдоа во 3. и 43. минута, а третиот ви 52. минута од мечот. Со оваа победа Рома се одржува на 6. место меѓу екипите кои се бората за излез во Европа следната сезона.