logo
logo
logo

Хет-трик на Левандовски, Барса слави во Виго

Vecer | 09.11.2025

Хет-трик на Левандовски, Барса слави во Виго

фото: Barcelona FC (X)

Барселона не дозволи изненадување и се враќа со сите три бода од гостувањето кај Селта во Виго во мечот од 12. коло во Ла Лига. Во интересен и крајно ефикасен натпревар, Каталонците славеа со 2:4 и успеаја да намалат од разликата со Реал (М) на врвот на табелата. По ова коло Реал е лидер со 31, додека Барселона сега има 28 бода.

Вечерва Барселона ја отвори серијата со гол во 10. минута од пенал преку Левандовски, но само една минута подоцна селта израмни со голот на Кареира. Барселона се врати во водство преку Левандовски во 27. минута, а до крајот на првиот дел, Селта повторно израмни во 43. минута со голот на Борха Иглесиас, за во последните минути од продолжението, Ламин Јамал да ја врати Барса во водство од 2:3.

Конечните 2:4 ги постави Левандовски со гол во 74. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk