logo
logo
logo

Хари Кејн: Играв голф со Доналд Трамп, тоа беше убаво искуство!(ФОТО)

Vecer | 11.07.2026

Хари Кејн: Играв голф со Доналд Трамп, тоа беше убаво искуство!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/

Во пресрет на дуелот со Норвешка, Англискиот репрезентативец Хари Кејн зборуваше за своето искуство од играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп.
Самиот Трамп претходно зборуваше за нивната средба.
„Играв голф со Кејн, навистина уживав. Тој е одличен фудбалер, а исто така е и одличен голфер“, откри шефот на американската држава. „Да бидам искрен, играв добро. Беше пред околу 18 месеци. Ме покани да играм кога бев во Палм Бич“, потврди напаѓачот.
„Кога претседател те покани некаде… Беше доста извонредно искуство да се сретнеш со него и да играм голф. Морам да кажам дека Доналд игра многу добро. Се надевам дека ќе можам да играм голф исто толку добро како него кога ќе стигнам до неговите години“, додаде Кејн.
„Беше уникатно искуство. Благодарен сум што ме покани да играм“, заклучи англискиот репрезентативец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk