logo
logo
logo

Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига! (ФОТО)

Vecer | 09.09.2024

Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига! (ФОТО)

Апсолутно заслужено. Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига. Немаше дилеми, но денеска тоа и официјално беше потврдено. Германскиот стратег, инаку екс селектор и некогашен тренер на Баерн Минхен, како нов стратег на Барселона сезоната 2024/25 ја почна фантастично. Четири победи на исто толку мечеви. На домашен терен неговите избраници славеа против Билбао (2:1) и Ваљадолид (7:0), а на гостински терен Барса на Флик славеше кај Валенсија (2:1) и Рајо Ваљекано (2:1).

Значи четири меча, четири победи, максимални 12 бода и гол разлика 13:3.

Ова е првото признание на Германецот во Шпанија откако пред нешто повеќе од два месеци беше назначен за нов стратег на каталонскиот гигант.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk