logo
logo
logo

Халанд со ветување: Ќе направиме сѐ што можеме за да ја освоиме Премиерлигата следната сезона!

Vecer | 20.05.2026

Халанд со ветување: Ќе направиме сѐ што можеме за да ја освоиме Премиерлигата следната сезона!

ФОТО:facebook.com/mancity

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека тимот ќе се бори за освојување на Премиер лигата следната сезона.
„Граѓаните“ капитулираа во борбата за првото место со Арсенал оваа сезона откако ремизираа 1-1 на гости кај Борнмут во претпоследното коло.

На крајот на краиштата, секој натпревар во Премиер лигата е тежок. Се обидовме, но не беше доволно. Целиот клуб мора да го искористи ова како мотивација сега. Мора да бидеме лути на себе, мора да го почувствуваме огнот во нас бидејќи не е доволно добро. Поминаа две години откако сме шампиони, но се чувствува како цела вечност. Ќе направиме сè што можеме за да ја освоиме лигата следната сезона“, рече Халанд по натпреварот против Борнмут.
На едно коло до крајот во Премиерлигата, Манчестер Сити останува втор со 78 бода, додека лидерот Арсенал е недостижен на врвот со 82 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk