Веројатно најдобтиот напаѓач во светот во моментов, Ерлинг Халанд, го постигна победничкиот гол во големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал (за 2:1), но можеби неговиот дуел со Габриел на крајот од натпреварот привлече поголемо внимание. Норвежанецот и Бразилецот имаа жестоки судири во текот на целиот натпревар, дури и при постигнување гол, имаше меѓусебно повлекување, во еден момент Габриел се најде на грбот на Халанд, само за да добие жолт картон десет минути пред крајот кога влегоа во вербална расправија, бидејќи претходно стоперот на Арсенал толку силно го повлече напаѓачот на Сити што му го искина дресот.
Халанд е навикнат да има дуели со противничките дефанзивци, па затоа ниту овој не му беше тежок. Иако, на неговата девојка Изабел Хавсенг Јохансен, со која има син од една и пол година, нема да ѝ се допадне тоа.
„Мојт дрес беше искинат, но не добив фаул. Таква е оваа Премиер лига денес. Многу дуели, повремени борби, многу гребнатини, поради што мојата девојка понекогаш не е многу среќна… Тоа е реалноста“, изјави Норвежанецот.
Халанд можеше да падне во таа ситуација кога му беше скинат дресот, што веројатно ќе придонесеше за исклучувањето на Габриел, меѓутоа, тој не размислуваше така. Ниту пак ќе размислуваат во иднина…
„Мислам дека беше за црвен картон, повеќето луѓе се согласуваат со мене. Да паднев, ќе беше црвен картон, но никогаш немаше да го направам тоа. Татко ми ме научи на тоа: секогаш да останам на нозе и да не бидам тоа на буквата „п“. Можеби требаше да паднам, веројатно ќе ни беше полесно, но не го направив тоа и добив жолт картон за тоа“, потсети Норвежанецот.