logo
logo
logo

Халанд, Халанд и Рејндерс, сега Сити е лидер!

Vecer | 20.12.2025

Халанд, Халанд и Рејндерс, сега Сити е лидер!

ФОТО: Manchester City/FB

Манчестер Сити – Вест Хем 3:0 е исходот од попладневниот меч од 17.коло во Премиерлигата. Па така со овие три бода сега Сити е лидер на табелата, барем до 23 часот кога ќе заврши средбата меѓу Евертон и Арсенал. Сега Сити има 37 бодови, а Арсенал 36 ама и меч помалку.

Со оваа победа Пеп Гвардиола и натаму е без пораз од “Чеканите“ во својата кариера.

Ерлинг Халанд со овие два гола, сега има 19 погодици сезонава во најсилната лига во светот, имаше Норвежанецот шанси и за хет – трик, но сепак не успеа во тоа. Третиот гол за Сити беше дело на Рејндерс.

Борнмут со голот на Семењо имаше 1:0 до таа 90.минута против Барнли кога Броја израмни за конечни 1:1.

Голема битка на мечот Брајтон и Сандерледн, имаше и шанси, но сепак немаше голови.

Брентфорд со 0:2 славеше кај Вулфси, стрелец на двата гола беше Луис – Потер. Во финишот домашните не реализраа удар од белата точка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk