logo
logo
logo

Хаити бесен поради недосудениот пенал против Шкотска (ВИДЕО)

Vecer | 14.06.2026

Хаити бесен поради недосудениот пенал против Шкотска (ВИДЕО)

Покрај спектаклите на тековниот Мундијал, секако дека стартуваа контраверзите, грешките и судиските одлуки кои се под знак прашалник.

На синоќешниот дуел од групата Ц во кој што се сретнаа селекции на Хаити и Шкотска имаше спорна одлука. Шкотска победи со 1:0, но многу лесно можеше резултатот да оди во сосема спротивен правец. Зошто?

Во финишот на мечот, Хаити имаше ситуација за пенал затоа што еден од дефанзивците на Шкотска очигледно играше со рака. Поточно, По шутот на Белегард, топката се одби од раката на  Ханли. Снимките јасно покажаа дека неговата рака не е во природна положба и топката летна кон голот. Хаити веднаш побара пенал, главниот судија, Мустафа Горбал од Алжир најпрво отфрли опција за најстрога казна, а истата не ја досуди ниту по ВАР проверката. Пенал дефинтиивно немаше, резултатот остана непроменет, а денеска медиумите се полни со полемики дали Хаити е оштетен. Што нормално од нивниот табор и тоа како е коментирано.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk