Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига.
Англичанецот со вчерашниот погодок стигна до 100 голови и асистенции во дресот на баварскиот гигант. Тој сега има 81 гол + 19 асистенции во Бундеслигата, резултат до кој дојде по само 78 натпревари, што е најдобар резултат откако почна да се собира статистика во сезоната 2004/2005. Претходниот рекорд му припаѓаше на Арјен Робен, кој го постигна овој резултат за 119 натпревари.
Кејн се приклучи на Баерн Минхен од Тотенхем во летото 2023 година. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари за тимот од Минхен во германската Бундеслига, постигнувајќи 19 гола и реализирајќи три асистенции.