logo
logo
logo

Катар со херојски бод против Швајцарија

Vecer | 13.06.2026

Катар со херојски бод против Швајцарија

Facebook/Swiss Nati Men

Ја имаме првата сензација на на тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Не е победа, туку реми, но и тоа е вистински подвиг на репрезентацијата на Катар која што успеа да освои бод во ремито 1:1 против фаворизираната вечерва Швајцарија.

Шокот за Швајцарците пристигна во четвртата минута од судиското продолжение, кога прекрасниот центаршут од лево на Ал Амин, со глава го користи ветеранор Боуалем Коуки, кој што со забива во мрежата на немоќниот Кобел.

А се требаше поинаку да биде за Швајцарија затоа што на сосема легитимен начин поведе уште во 17. минута со реализираниот пенал на Емболо.

И пред тоа, а и потоа, швајцарците имаа сериозен број на шанси но не искористија ниту една. Од поле едноставно не погодија, и тоа ги чинеше победа на овој меч и два загубени бодови.

Сега, во групата Б по првото коло сите репрезентации имаат по еден бод, затоа што вчера Канада и Босна исто така одиграа 1:1.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk