logo
logo
logo

Карвахал се повреди, што значи тоа за неговата иднина!?

Vecer | 02.05.2026

Карвахал се повреди, што значи тоа за неговата иднина!?

Искусниот Дани Карвахал е повреден и не е дел од активниот ростер на Реал Мадрид. Во прашање е неговото стопало, не се работни за нешто премногу сериозно, но сепак, некои нешта очигледно дека со неговот одуство стануваат појасни.

А тоа е дека, дефинитивно, неговото место во тимот на Реал речиси и да го нема повеќе, затоа што статусот на Карвахал кај тренерот Арбелоа е очајно. Трент Александер е сега десниот бек на Реал, Карвахал повеќе нема минутажа, а со тоа автоматски се доведува во прашање и неговиот статус како стартер и во репрезентацијата на Шпанија.

Додека тој беше недостапен, селекторот Де Ла Фуенте, сметаше на Педро Поро, односно Маркос Љоренте, па дури и на играчот на Селта, Оскар Мингез.

Токму затоа, Карвахал има голем проблем пред себе што и како понатаму. Што се однесува до повредата, таа ќе го оддалечи од теренот околу десетина дена.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk