logo
logo
logo

Карвахал ќе го повика Јамал на разговор после „Ел Класико“!

Vecer | 25.10.2025

Карвахал ќе го повика Јамал на разговор после „Ел Класико“!

Фото: Барселона/Твитер

Утре се игра „Ел Класико“ и тоа од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Јасно е кога се среќаваат Реал Мадрид и Барселона, страстите зовриваат, па така и овојпат. Пред два дена Ламине Јамал со неприкладни зборови го најави ова мега – дерби, а “Кралеците“ збеснаа, како и сите во Реал Мадрид, како и сите фанови на клубот од Мадрид.

Јамал не само што не се извини туку и продолжи со навредите.

По ова медиумите во Шпанија најавија дека Дани Карвахал, капитенот на Реал Мадрид и соиграч на Јамал во селекцијата на Шпанија, по завршување на утрешниот натпревар, ќе го повика Јамал на разговор во една од клупските канцеларии со цел да се разјаснат некои работи, без разлика како и да заврши мечот.

Останува да се види дали оваа понуда ќе ја прифати самиот Јамал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk