logo
logo
logo

Каква чест: “Камп Ноу“ е минато, новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“?!

Vecer | 19.11.2025

Каква чест: “Камп Ноу“ е минато, новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“?!

Фото: Фабрицио Романо

Кусата посета на Лео Меси во Барселона неговото воодушевување од новиот “Камп Ноу“ ги разгореа страстите во Каталонија. Имено прво претседателот на клубот, Хон Лапорта, најави дека во блиска иднина Меси ќе добие статуа покрај стадионот, а најновите шпекулации се дека името “Камп Нои“ е минато и дека новиот стадион ќе се вика “Лионел Меси“, по иконата на Барса и веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња.

Од Барселона не негираат дека ќе се разгледа таа можност, за преименување на новиот стадион.

Засега не сме размислувале на таа тема, но не ја исклучувам можноста во иднина тоа да се случи, се разбира доколку постои јасна желба за такво нешто од членовите на клубот“ истакна Елена Форт, потпретседателката на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk