logo
logo
logo

Каков удар за Јунајтед: Евертон и со играч помалку со триумф на “Олд Трафорд“

Vecer | 24.11.2025

Каков удар за Јунајтед: Евертон и со играч помалку со триумф на “Олд Трафорд“

ФОТО: Everton Football Club/FB

Ретко кој во таа 13.минута се надеваше дека Манчестер Јунајтед нема да слави вечерва во меч од 12.коло против Евертон, кога по тепачката со својот соиграч МекКин, Идриса Гаје доби директен црвен картон.

Но, на крајот резултатот беше 0:1 за “Карамелите“ за тимот на Дејвид Мојс и тоа со победничкиот гол на Десбери-Хол во 29.минута.

Голема, голема победа на гостите кои со играч помалку речиси цел меч одиграа херојски и на крајот заслужено победија.

Секако дека ова е голем удар за Манчестер Јунајтед кој во последно време игра добро, но ете не победи.

Ова е удар и за Рубен Аморим кој најмногу ја посакуваше победата, ако се знае дека токму на денешен ден тој седна на клупата на гигантот од “Олд Трафорд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk