logo
logo
logo

Каков спектакл: Ова го може само Баерн – од 0:3 до победа од 4:3!

Vecer | 25.04.2026

Каков спектакл: Ова го може само Баерн – од 0:3 до победа од 4:3!

ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en/

И дефинитивно ова го може само Баерн Минхен. Попладнево на гостувањето кај Мајнц, старо – новиот шампион на Германија губеше со 3:0, и тоа поради фактот дека тренерот Компани им даде шанса на дел од резервистите. И кога виде дека може да доживее бламажа во пресрет на 1/2 финалето во ЛШ против ПСЖ во вторник, тој во игра ги внесе Олисе, Кејн и останатите свои ѕвезди. И јасно беше дека ќе дојде до пресврт и тоа каков. Од 3:0 до 3:4 за гостите од Минхен и тоа со головите на Џексон, Олисе, Мусиала и Кејн на крајот славеа победа.На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Келн – Леверкузан 1:2, Аугсбург – Франкфурт 1:1, Хајденхајм – Ст. Паули 2:0, Волфсбург – Менхенгладбах 0:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk