logo
logo
logo

Како на филм: Сите го сметаа за мртов, а тој се појави 40 години подоцна

Vecer | 19.03.2021

Како на филм: Сите го сметаа за мртов, а тој се појави 40 години подоцна

Чарлс Томас, поранешниот американски кошаркар кој во седумдесеттите години играл за Барселона дури 40 години се сметал за мртов но пред неколку денови се појави и му се јавил на поранешниот соиграч од Барса Норман Кармајкл.

75-годишниот Томас преживеа тежок развод и се сокри од светот 40 години, а гласините за смртта отидоа дотаму дека тој загинал во улична пресметка на банди во Њујорк на почетокот на 80-тите години.

Возев, кога телефонот заѕвони. Се јави жена која ми рече – господине, Чарлс Томас сака да зборува со вас. Мислев дека некој се шегува со мене и одговорив дека ова е лошо смислена шега, затоа што човекот е мртов 40 години. Потоа го чув познат глас – еј, Норман, тука ли си? Се шокирав. Го видов лицето. Прво мислев дека е некој што личи на Томас, но тој ми раскажа многу работи што ги правевме во минатото за да ме убеди“, раскажа Кармајкл.

75-годишниот Томас е во старечки дом во Тексас и ги шокира и своите најблиски кои се помирија со веста за неговата смрт.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk