logo
logo
logo

Кајл Вокер: Каде се видело играч на Реал Мадрид да не игра за репрезентација?

Vecer | 23.05.2026

Кајл Вокер: Каде се видело играч на Реал Мадрид да не игра за репрезентација?

Многу полемики, критики, и мислења во јавноста на Островот, предизвика конечниот список на селекторот Томас Тухел што се однесува до Мундијалот и репрезентацијата на Англија.

На него покрај на пример, Фил Фоден односно Хери Мегваер, го нема Трент Александер Арнолд играчот на Реал Мадрид, податок кој што  буквално го покираше светот. Тухел смета дека тој во моментов не е репрезенаттивен капацитет и го изостави.

Тоа пак предизвика бура од реакции, пред се во стручната фела. Па така, на пример, прв се јави со свое мислење Кајл Вокер некогашниот репрезентативец на Англија.

„Нечуено е играч на Реал Мадрид да не биде во репрезентацијата на Англија. Сите зборуваат за тоа што Трент не прави добро. Но, ајде да зборуваме за тоа што прави тој! Тој е веројатно најдобриот десен бек во светот кога станува збор за додавања, центрирања и асистенции, а да не зборуваме за неговото искуство во големи натпревари. За него тоа што не е во репрезентацијата е целосна лудост“, категоричен беше англискиот ветеран.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk