Јувентус и официјално потпиша договор со турскиот репрезентативен дефанзивец Зеки Челик.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, 29-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на клубот од Торино, и покрај тоа што претходно усно се договорил за нов договор со Рома.
Договорот на Челик со Јувентус е на три години. Челик е слободен агент од 1 јули, откако му истече договорот со Рома.