logo
logo
logo

Јуве со пресврт до победа против Каљари, се повреди Влаховиќ!

Vecer | 29.11.2025

Јуве со пресврт до победа против Каљари, се повреди Влаховиќ!

ФОТО: Juventus/FB

Јувентус – Каљари 2:1 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 13.коло во Серија А. Сепак, не беше баш така лесно за гигантот од Торино, ако се знае дека гостите во 26.минута со голот на Еспозито дојдоа до водство од 0:1.

Но, Јилдиз покажа дека е екстра фудбалер, па не мина ни една минута кога успеа да израмни на 1:1. До крајот на полувремето токму Јилдиз успеа да постигне уште еден гол за 2:1.

Да кажеме дека во првиот дел Душан Влаховиќ се повреди па мораше да биде заменет во таа 31.минута.

Со овие три бода Јуве сега има 23, сосема доволно само за 7.место на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk