logo
logo
logo

“Јуве, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона, затоа потпиша за Наполи“!

Vecer | 04.04.2025

“Јуве, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона, затоа потпиша за Наполи“!

Иако од тогаш минаа 40 години, сепак трансферот на Диего Марадона од Барселона во Наполи и сега предизвикува чудење. Како тоа најдобриот фудбалер во светот, па и во тоа време, се решил за ваков потег ако се знае дека тогаш клубот од под Везув важел за просечен италијански клуб.

Уште повеќе интересно е тоа што Марадона претходно им бил понуден на три италијански гиганти, но сите три одбиле да потпишат со Диего.

Пјерпаоло Марино, клучниот човек за трансферот на Марадона од Барса во Наполи, деновиве се присети на тие денови:

Јасно беше дека Марадона не сакаше да остане во Барса со оглед дека дојде до некое недоразбирање. Ми беше предложено од одредени лица дека најдобро за него ќе биде да оди во Италија. Јувентус, Интер и Сампдорија одбија и да преговараат. Тогаш на ред дојде Наполи и се останато е историја“ посочи Марино.

Инаку Наполи со Марадона во два наврати беше првак во Серија А, а го освои и Купот на УЕФА. Марадона за Наполи одигра вкупно 257 меча и на нив постигна 115 голови и забележа 76 асистенции.

По него Наполи го именуваше својот стадион кој сега се нарекува “Диего Армандо Марадона“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk