logo
logo
logo

Јунајтед со „четворка“ го поздрави Челзи и си завери место во ЛШ!

Vecer | 25.05.2023

Јунајтед со „четворка“ го поздрави Челзи и си завери место во ЛШ!

Манчестер Јунајтед со убедлива победа над Челзи (4:1) го завери пласманот во Лигата на шампионите идната сезона. Вечерва во меч од 32.коло „Ѓаволите“ го „распарчија“ составот од Лондон и со тоа само му ја потврдија катастрофалната сезона во која се редат порази како на производствена лента.

Резултатот го отвори Касемиро во 6. минута од мечот со удар со глава, а во 45 минута Марсијал зголеми на 2:0.

Во 73 минута Бруно Фернандеш од пенал зголеми на 3:0. На пеналот му претходеше опасен старт на Фофана врз противнички играч во сопствениот шеснаесетник.

Пет минути подоцна Маркус Рашфорд го совлада Де Геа. Во финишот Жоао Феликс го намали поразот на Челзи.

Јунајтед е трет на табелата со 72 бода на едно коло до крајот на сезоната, а Челзи е дури на 12-тото, а вечерва го впиша 16-тиот пораз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk