logo
logo
logo

Јамал на полноќ купувал сендвичи за гладната експедиција на Барса во Париз!

Vecer | 23.09.2025

Јамал на полноќ  купувал сендвичи за гладната експедиција на Барса во Париз!

ФОТО: Ballon d`Or/X

По синоќешната церемонија на доделување на Златната топка во Париз, која му припадна на Усман Дембеле, целата експедиција на Барселона била гладна. Бидејќи се приближуваше времето за враќање и никој не јадеше ништо, младата ѕвезда Ламин Јамал наоравил потег со кој ги воодушевил сите. Со неколку соиграчи и пријатели, тој одлучил да оди да купи хамбургери за сите присутни, откри претседателот на клубот, Жоан Лапорта, во интервју за Rac-1, објави Марка.
Лапорта раскажа анегдота со насмевка што го покажува духот на младиот играч надвор од теренот.

Ламине беше многу среќен, се шегуваше по гала вечерта. Ни донесе хамбургери на полноќ за сите на излегување од гала вечерта бидејќи не јадевме ништо и сите бевме многу гладни. Хамбургерите беа многу вкусни“, раскажа претседателот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk